На почетокот на оваа година фирмата New Energy Inc. има постигнато најголем напредок во т.н. “транспарентност” (проѕирност) на SolarWindow (соларен прозорец) технологијата. За прв пат е успешно развиен и интегриран транспарентен и еколошки материјал во стаклото, со цел да се собира електрична енергија.

До сега собирањето на соларната енергија беше возможно само преку користење на метална површина која ја намалуваше видливоста, т.е. проѕирноста. Сега новиот материјал се користи наместо металот, којшто ја имаше функцијата на негативно поларизирана плоча. Неговата функција е потполно иста, го собира електрицитетот од новиот SolarWindow, само што е целосно проѕирен.
Производството на ваков прозорец не бара скапи високотемпературни или високовакуумски продукциски методи. Потребно е само да се испрска спреј на стаклото на собна температура и тоа со дебелина на филмот (наносот) на стаклото од 1/1000 од дебелината на едно човеково влакно. Генерирањето на електрична енергија е возможно, како од сонцето така и од други вештачки извори на светлина.
Оваа технологија може да направи голем напредок во генерирањето на електричната енергија и ќе може да се користи како во комерцијалните објекти, така и во приватните домови. Повеќе за оваа технологија можете да најдете на: www.newenergytechnologiesinc.com.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР