Интересна комбинација од компирово тесто и мелено месо скриено во внатрешноста, со што посебен шарм се добива по дополнителното пржење во путер. Прелиено со бешамел сос, добивате неодоливо вкусен и необичен оброк.
1. Измијте ги компирите, па ставете ги да се варат.
2. Додека компирот се приготвува, спремете ги смесите за зеленчук и сос. Кромидот и лукот исечкајте ги што поситно. Исчистете и исечкајте го празот на парчиња. Истото направете го и со пиперката.
3. На загреана тава, стопете го путерот и додадете кромид. Зачинете со малку сол кој ќе помогне при омекнувањето и пржете кратко. Потоа додадете месо, зачинето со мелена пиперка, вегета, ситно сечкан лук, риган и црн пипер, и гответе 15-минути на средна топлина.
4. Кога ќе се излади малку смесата додајте и едно јајце.
5. Сварените компири ставете ги во ладна вода, и одкако ќе се изладат излупете ги. исечете ги на покрупни парчиња, додајте коцка путер, малку сол и јајце. Мешајте со голема брзина додека не добиете мазна смеса.
6. Смесата преместете ја на добро забрашнета работна површина, додадете брашно и промешајте.
7. Раздвоете го тестото на 2-3 дела и измазнете го со рацете. Веднаш потоа со една супена лажица додадете ја подготвената смеса на секои 4-5cm така што ќе оставите простор измеѓу. Свиткајте ги краевите на тестото, преклопете и пресечете по средината на празниот простор. Секое добиено „перниче“ додатно обликувајте го со рацете и истркалајте го во брашно.
8. Во широк сад зовријте вода со малку сол и 2-3 лажици масло. Внимателно почнете да ги додавате спремните „перничиња“ така што внимавајте тие да не се допираат. Кога ќе се кренат на површината, ги готвите уште 5-7 минути (во зависност од дебелината).
9. Готовите перничиња извадите ги со супена лажица и добро исцедете ги. Во тавата во која го пржевте месото, растопете малку путер и кусо време печете ги перничињата додека не добијат румена боја.
10. Додека се прават перничињата, во масло испржете кромид и пиперка и зачинете со малку вегета. Додадете ситно сецкан лук и магдонос и малку ѓумбир.
11. Омекнатиот зеленчук посипете го со брашно, добро промешајте и пржете го брашното додека не ја апсорбира течноста. Внимавајте да не потемни.
12. Кога брашното ќе започне да добива жолта боја, додајте млеко и убаво промешајте. Намалете ја топлината и мешајќи, додавајте вода за да ја разредите густата смеса. Гответе кратко и на крајот додадете рендано сирење.
13. На чинијата ставете неколку лажици сос, врз кој ќе додадете две компирови „перничиња“. Послужете…