Љубовта на американската двојка Обама

Неодамна ја прославија дваесетгодишнината од бракот, а нивната прегратка, односно фотографија од последната инаугурација собра рекорден број лајкови на социјалните мрежи.

Мишел и Барак Обама се синоним за успешен брак и хармонична љубов. Која е формулата за нивниот успех е прашање доволно интригантно како за нивните поддржувачи така и за нивните противници. Идеалната животна сопатничка е фактор кој позитивно влијае на секој политичар, а кога станува збор за првиот човек на САД Мишел е вистинската личност – дама која со својата непосредност, искреност и вештина отворено да ги изрази емоциите е идеално дополнување на харизматичниот Барак во Белата куќа.

1280px-Obama_family_portrait_in_the_Green_Room

И двајцата во еден глас изјавуваат „Во секој брак постојат падови и подеми, најважно е да научите заедно да ги надминувате тешките времиња и секако многу да се смеете!”

Мишел Ла Вон Робинсон пред да стане прва дама на САД го поминала трнливиот пат на образованието и деловното усовршување. Потекнува од скромно семејство со татко кој бил наемен работник и мајка која работела како секретарка, но по раѓањето на децата целосно се посветила на мајчинството. Мишел не се срами од своите корени – како по мајчинска така и по таткова линија во нејзиното семејство имало робови.

Уште во училишните денови Мишел покажала надпросечни способности поради што посетувала и курс за талентирани деца. По основното училиште студирала на Правниот факултет при Харвард Универзитетот, а по дипломирањето работела во правната фирма во Чикаго каде и го запознала идниот сопруг.

Барак Хусеин Обама е всушност првиот претседател на САД роден на Хаваите. Неговите родители се развеле кога тој немал полни три години поради што клучна улога во неговото воспитување одиграла неговата баба која работела во банка и на која Барак посебно и се восхитувал. Се школувал во престижни училишта, но многу често сакал да проба и од недозволеното, пушел марихуана, пробал кокаин и често пиел алкохол. По дипломирањето на Западниот колеџ во Лос Анџелес и на Колумбискиот Универзитет работел во меѓународна бизнис – корпорација и во Њујоршкиот научно истражувачки центар. Подоцна се запишал на Харвард, а за време на распустот често патувал во Чикаго каде работел како помошник во истата компанија во која се случила судбоносната средба со Мишел.

Мишел требало да го подучи на правилата за работа младиот соработник Барак кој дошол на стажирање. Многу наскоро заедничката работа прераснала во нешто многу повеќе. По неколкуте одбиени покани за состанок од страна на Мишел, еден обид бил клучен.

Првиот нивен бакнеж се случил во близина на трговскиот центар Чикаго каде што неколку години подоцна е поставен споменик – пар какo се бакнува со цитатот „Ја бакнав и почувствував вкус на чоколадо!”.

1

По три години љубовта била крунисна со брак, а по кратко време се родила нивната прва ќерка Мали Ен (14). Ниту тие не биле поштедени од брачната криза во првите години од заедничкиот живот. Токму тогаш кога тој активно се вклучува во политиката, Мишел била принудена да остане дома со детето. Ситуацијата не била поправена ни со раѓањето на втората ќерка Наташа (11). Се до моментот кога Наташа ќе има сериозни проблеми со здравјето, Барак ќе изјави дека неговиот свет се сведува само на едно нешто, настрана од политиката.

По извесно време Мишел му поставува ултиматум и неа да ја вклучи во политиката така што таа набргу станува негова главна советничка. Спојувајќи ги улогите на посветена мајка и грижлива сопруга со успешна кариера, во 2010 година магазинот Forbes ја прогласува за највлијателна жена на планетата. Според The Time таа е уникатна поради способноста да го поддржи сопругот и истовремено да биде независна, како и поради истенчениот вкус кон модата.

Таа изјавува дека го сака поради љубовта со која зборува за неговите мајка и баба, а тој во моментот кога ја запознал знаел дека таа е жената на неговиот живот.

2

obama

- Реклама -