E3 2010 – Напредок или пропаст на видео игрите?

e3-2010-live-streamsКако што напредува технологијата, така паралелно напредуваат и видео игрите. Многу уреди што се произведуваат за играње на игри се користат како пример за сигурно чекорење кон иднината. Онаа иднина која на сите нам ни е многу позната – на пример холограмот во серијалот „Ѕвездени Патеки“.

Како што напредува технологијата, така паралелно напредуваат и видео игрите. Многу уреди што се произведуваат за играње на игри се користат како пример за сигурно чекорење кон иднината. Онаа иднина која на сите нам ни е многу позната – на пример холограмот во серијалот „Ѕвездени Патеки“.

Оваа недела се одржа најголемиот самит на електронска забава во светот наречен Electronic Entertainment Expo, или накратко Е3. Работите што беа најавени тука се навистина невидени. Од презентацијата на Sony за неговиот нов контролер, сличен како оној на Nintendo Wii до новото парче револуционерна технологија на Microsoft кое детектира движење во три димензионален простор.

project-natal-windows

Но проблемот тука се јавува со тоа што целиот фокус е свртен кон технологии кои многу лесно ќе го уништат стариот начин на играње – со прсти. Сè што беше најавно од страна на Microsoft се неколку игри за танцување како и еден скап (150 долари) симулатор за галење на мачки. Дури и новата конзола Xbox 360 Slim беше засенета од импресиите на овие симулации.

Kinect е името на технологијата на Microsoft која чита клучни точки од вашето тело и прави виртуелен три димензионален простор на екранот пред вас, со вашето тело во него. Се спремаат спортски игри за Kinect, но тие изгледаат како копија на Nintendo Wii спортските игри, освен тоа што се во HD.

360_1

{youtube}_ET6PqZtYd4{/youtube}
Sony го претстави својот нов контролер наречен PlayStation Move. Сличен на контролерот на Wii, единствено нешто ново што подржува е креирање на три димензионален простор во вашиот екран и претвoрање на истиот во некаков објект, зависно од играта. Премногу слично на технологијата на Microsoft.

{youtube}KywklJJoJ5s{/youtube}
Nintendo, од друга страна, знаеше дека 3D технологијата е темелот на напредокот во оваа деценија што следува. Со новите 3D HD телевизори на Sony и веќе познатите 3D кино сали, Е3 беше “спасен” од страна на новата мини конзола. Nintendo 3DS е слична на својот претходник, Nintendo DS, освен тоа што сега подржува HD 3D екран за кој не се потребни специјални очила.

{youtube}mXDlE8YdYZ0{/youtube}
Сè што останува сега е да видиме во која насока ќе се одвиваат работите. Остатокот од деновите беа презентирани неколку нови игри за веќе постоечките конзоли. Видеото подолу е краток приказ на целиот самит.

{youtube}xavIuDbwrCk{/youtube}

Во коментарите подолу оставете ваше мислење за иднината на видео игрите и гејминг индустријата.

- Реклама -