Ефикасните решенија за деловна безбедност на Мајкрософт

Локалната канцеларија на Мајкрософт,  минатата недела во хотелот Александар палас, го одржа својот годишниот настан Microsoft Technology Update 2010.


Локалната канцеларија на Мајкрософт,  минатата недела во хотелот Александар палас, го одржа својот годишниот настан Microsoft Technology Update 2010.

Предавањата се одвиваа во текот на целиот ден, а учество ќе земаа:

  • Димитар Грозданов, Советник за технологии, Мајкрософт Македонија,
  • Бранко Аврамовски,  Консултант, Мајкрософт Сервиси,
  • Мирад Маглиќ, Советник за технологии, Мајкрософт Босна и Херцеговина и
  • Азем Јонузи, Менаџер за Премиер поддршка, Мајкрософт Сервиси.

Годинашната тема на Technology Update Seminar 2010  беше една од визиите на Мајкрософт за обезбедување безбедна, контролирана и сигурна ИТ средина чија цел е да се постигне непречено и безбедно реализирање на деловните процеси во фирмите. Предавањата беа со посебен фокус на производите: Forefront Identity Manager 2010, Forefront Unified Access Gateway 2010, Forefront Treat Management Gateway 2010 и Microsoft Exchange 2010.

1_Custom

„Безбедноста на дејностите е посакуваната цел на корисниците, а истовремено е  долгорочна стратегија на Мајкрософт кон реализација на еден темелно нов пристап кон безбедноста на претпријатијата.  Крајната цел е да им се помогне на фирмите во управувањето со ризикот и давањето поголеми овластувања на вработените.

Раководителите за безбедност бараат помош од Мајкрософт за поефикасни одговори на потребите. Тие бараат решенија и насоки за полесно управување со ризиците и сообразноста, но и нешто што би ги зголемило капацитетите на  своите вработени во ИТ секторите.  Најверојатно најважно е тоа што тие сакаат максимално да ги искористат сопствените ИТ инвестиции и инфраструктурата со која располагаат, а тоа говори за економската клима и сигнализира за потребата за примена на  „Решенија за деловна безбедност“.  “- изјави Димитар Грозданов, Советник за технологии, Мајкрософт Македонија.

*****************************

mstechupdateБезбедноста на дејностите е посакуваната цел на корисниците, а истовремено е  долгорочна стратегија на Мајкрософт кон реализација на еден темелно нов пристап кон безбедноста на претпријатијата.  Крајната цел е да им се помогне на фирмите во управувањето со ризикот и давањето поголеми овластувања на вработените.

Раководителите за безбедност бараат помош од Мајкрософт за поефикасни одговори на потребите. Тие бараат решенија и насоки за полесно управување со ризиците и сообразноста, но и нешто што би ги зголемило капацитетите на  своите вработени во ИТ секторите.  Најверојатно најважно е тоа што тие сакаат максимално да ги искористат сопствените ИТ инвестиции и инфраструктурата со која располагаат, а тоа говори за економската клима и сигнализира за потребата за примена на  „Решенија за деловна безбедност“.  

Пристапот на Мајкрософт се темели на претпоставката дека безбедноста е средство за постигнување на деловната цел.  Безбедноста треба да опфаќа заштита, пристап и управување, а сето тоа изградено врз основа на идентитетот на корисникот и интегрирано со високо безбедна, интероперабилна платформа. Оваа идеја за интегрирана безбедност, врз основа на идентитет на корисникот, е единствена и централна за напорите кои ги превзема Мајкрософт. Таа им овозможува реализација на поконтекстуално и кориснички ориентирано решение за потребите на корисниците. Mајкрософт иницира еден целосно различен пристап кон деловната безбедност, вклучувајќи три клучни елементи:

  • Обезбедување заштита што ќе ги опфаќа системите и податоците на фирмата, овозможувајќи пристап за вработените од секаде – врз основа на нивниот идентитет во системот.
  • Да се направи работењето од аспект на безбедноста заедно со управувањето со усогласување на регулативите поедноставно и поекономично и за ИТ професионалците и за деловните луѓе.
  • Да им се помогне на корисниците да ја прошират безбедноста во нивните фирми, преку вградување на безбедноста во Windows и ИТ софтверски решенија на Мајкрософт, како и овозможување интероперабилност со средини што не функционираат на Windows  платформата, преку партнерства и отворени стандарди.

Мајкрософт има силна корисничка база, особено во фирмите од „Fortune 500“, каде што 75% од нив ги користат нашите решенија.  Корисниците гледаат вистинска вредност во нашите тековни решенија, на пр. 85% помалку проблеми од аспект на безбедноста и 75% побрзи реакции со Forefront Client Security (десктоп анти-вирусен клиент).  

Примери од корисници:

  • Фирма наречена „Exostar“ ги користи решенијата на Мајкрософт за да им овозможи на глобалните воздухопловни компании, како што се „BAE Systems“, „Boeing“, „Lockheed Martin“, „Raytheon“, и „Rolls-Royce“ безбедно да соработуваат на сложени проекти што вклучуваат повеќе компании, преку „SharePoint“.  „ForumPass“ решението на „Exostar“ користи интернет опција „Active Directory Federation Services“ и „Forefront“ производи за услужување на заедница од 8500 корисници во 170 организации.
  • „NuStar Energy“ е фирма која има мала, автоматизирана ИТ која им помага да ја апсорбираат брзата серија набавки. На пример, тие ја користат технологијата на Мајкрософт за безбедност и идентификација за брзо ангажирање нови вработени што управуваат со цевковод од 14,09 км со комбиниран капацитет на проток од 104.000 барели дневно.
  • Министерството за одбрана на Обединетото Кралство изјави дека ќе заштедат милиони фунти со користење на MS решенијата за обезбедување пристап на 10.000 работници на далечина.

Овој модел на „Решенија за деловна безбедност“ главно го поддржуваат следните производи/технологии: Windows 7, Windows Server 2008 R2, Active Directory Federation Services, Windows CardSpace 2.0, Forefront Unified Access Gateway 2010, Forefront Treat Management Gateway 2010, Forefront EndPoint Security 2010, Forefront за Exchange, Forefront за SharePoint, Forefront Identity Manager 2010.

Мајкрософт планира да овозможи решенија за безбедност и идентификација во различни работни процеси – клиенти, соработка, интернет и други – како дополнување на  решенијата на самото место. Услугите во т.н. работење во „облак“, со платформата Microsoft Azure, која овозможува извонредни можности за корисниците за намалување на трошоците, но и упростување на  сложените безбедносни операции поврзани со тие системи и услуги.

Оваа иницијатива ја поддржуваат и Мајкрософт партнерите, преку нивните компетенции (безбедност), како и другите добавувачи на услуги/опрема како што се Juniper, Brocade и RSA.

- Реклама -