Нов MP3 формат за напредно слушање музика

080522_p01_new1.jpg Нов формат кој нуди посебна контрола на секој инструмент посебно како
гитара, тапани, бас и гласот, се смета дека ќе постане нов интернет
стандард.


080522_p01_new.jpgНов формат кој нуди посебна контрола на секој инструмент посебно како гитара, тапани, бас и гласот, се смета дека ќе постане нов интернет стандард.

Новиот .MT9 формат чиј комерцијален наслов е „Music 2.0“, беше избран за кандидат и е во постапка на разгледување од страна на Motion Picture Experts Group (MPEG).

Дистинктивната разлика на MT9 форматот е тоа што има шестканален еквилајзер, а секој канал е посветен на гласот, пратечките вокали, гитара, пијано, бас и тапани.

За пример, ако слушателот го исклучи гласот, инстантно се добива караоке или пак може да ги исклучи инструментите и да се сконцентрира на гласот(акапела).

Прочитајте и:  Занаду: Студиото е нашата  плажа летово

Samsung и LG се заинтересирани и најверојатно следната година нивните телефони ќе ја поседуваат оваа опција.

Моментално на сајтот на Audizen се продаваат стотина албуми снимени со оваа техника. Според официјалните лица, секој албум може да се сними во овој формат доколку поседува дигитален извор.

Дополнително, атрактивноста на овој формат е што Audizen им дозволува на корисниците да ги копираат своите МТ9 фајлови.

[New MP3 Revolutionizes Way You Listen to Music]

- Реклама -