Гаџети кои „мора“ да ги имате (прв дел)

panbut_lgpКопче за паника – Сакате да го збогатите речникот на вашата тастатура – нема полесен
начин! Само додадете го ова копче и слободно можете да го користите
кога, на пример, компјутерот ќе ви забега и вас ве фаќа паника. До
душа, и не можете, бидејќи ова копче е само украс, но сигурно ќе
привлече доста внимание.

1. USB тркало со хрчак
usbham_lg

За сите оние на кои пишувањето на досадни и долги текстови им е досадно еве едно животинче кое ќе ви прави друштво и едноставно ужива во звукот на тастатурата. Ставете 2 батерии, поврзете го на USB и куцајте – колку побрзо куцате толку побрзо ќе трча хрчакот. И најдобро од се не мора да го храните, освен со некоја батерија од време на време. Линк

2. Копче за паника
panbut_lg

Сакате да го збогатите речникот на вашата тастатура – нема полесен начин! Само додадете го ова копче и слободно можете да го користите кога, на пример, компјутерот ќе ви забега и вас ве фаќа паника. До душа, и не можете, бидејќи ова копче е само украс, но сигурно ќе привлече доста внимание. Линк

3. Армагедон USB Hub
armhub_lg

Си доаѓате од работа/факултет изнервирани… едноставно сакате да разнесете нешто. Овој детонатор нема да ви помогне во тоа, бидејќи е само USB Hub кој свири ако го притиснете црвеното копче, но секако можете со него да си направите филм. Линк

4. USB Hub во форма на златна плочка
usb_goldbar_hub-thumb

Ги носите другарите дома и што да видат – плочка 24-каратно злато на масата до вашиот компјутер. Ех, да беше вистинско злато па да правиме муабет… но за жал единствената сличност на овој гаџет со вистинска плочка злато е тежината – чудово тежи цели 2,4 килограми. Што е многу, многу е, вакви парчиња метал некој ги класифицира како ладно оружје. Линк

5. Ретро мобилна телефонска слушалка
handset-new2

Седите во друштво, ви ѕвони мобилен, и во желба да се пофалите со својот ептен кул телефон вадите од џебот цел фиксен телефон каков многумина немаат видено уште од шеесеттите. Добра идеја за шега, но инаку овој гаџет може да спадне во тесна конкуренција за најглупав гаџет некогаш измислен. Едно што од мобилен правите жичен, а друго што самата слушалка е двојно поголема од просечен мобилен телефон. Линк


Гаџети кои „мора“ да ги имате (втор дел)

- Реклама -