Фотографот Гунејхан од Турција има патувано низ поголемиот дел од Европа и има направено многу фотографии од градовите кои ги посетил.
По завршување на патувањата, ги сумирал фотографиите и избрал неколку кои ги искористил за неговата типографска серија.
Најубавите градови како што се Париз, Барселона, Бордо и Брисел беа избрани. На тие фотографии додава типографија и елементи за означување, соодветно на стилот на градот/државата и обележјето на истите.