Ако уште во недела попладне почнувате да се жалите дека утре е понеделник, не грижете се – не сте единствени.
Промените во навиките за спиење од само два часа може многу да ни наштетат, а со оглед на тоа што за време на викендот спиеме малку подолго, не зачудува тоа што повеќето од нас не го сакаат понеделникот. Истражувањата покажале дека просечниот човек во понеделник се насмевнува дури попладне, дека е прилично нервозен и дека таквото расположение трае дури до среда наутро. Ваквата состојба влијае и на ефикасноста, односно ја намалува способноста за памтење и концентрацијата.
Експертите тврдат дека среќата е заразна и дека ако работната недела ја започнете со дружење или разговор со оптимистична и забавна личност имате поголеми шанси помалку да ги почувствувате последиците од понеделникот.