Времето е еден фасцинантен концепт што се случува околу нас, во секој момент на секој ден. Францускиот фотограф Лорен Декуик одлучил да проба да ги фати и зароби овие минливи секунди во серија на фотографии насловени “Урбани вибрации”.
Секоја слика е колективена низа на повеќе фотографии, кои преклопени заедно визуелно го одразуваат хаосот и метежот во големите урбани средини. Серијата има шарени и енергични портрети на Њујорк и Берлин.