Откако HBO ја откажа серијата „Bored to death”, во декември 2011 година, по цели три сезони прикажување, продукциската куќа најавува дека се подготвува игран филм, базиран на истоимената серија.
Оваа комедија е авторско дело на авторот – есеистот Џонатан Ејмс, кој е и творецот на серијата и воедно главниот лик си го именува по него. Џонатан Ејмс, ликот кој го глуми Џејсон Шварцман, е весел, модерен „neo-noir” писател, кој се обидува да биде приватен детектив. Единствена помош добива од неговиот константно исфрустриран пријател Реј, глумен од Зак Галифинакис и ликот на Тед Досон, Џорџ. Ова се ликовите кои ќе се реобиденат за да се борат против криминалот, да создаваат криминал и меѓувремено да најдат верба во љубовта.
Откако овој филм ќе ја доживее својата премиера, дефинитивно ќе се најде на нашата листа на 365 препорачува.