Работнички тренира според фитнес-програмата „Инсенити“ (видео)

Тренерот на Работнички, Жикица Тасевски воведува новини во работата со „романтичарите“, па вчера, за првпат во македонскиот фудбал, овој тим имаше тренинг според фитнес-програмата „Инсенити“.

Тоа е позната фитнес – програма, исполнета со најразлични вежби за подобрување на физичките способности на спортистите, а во Македонија како инструктор ја спроведува Александар Кацарски.

trening1

„Се обидуваме да ги следиме светските трендови, да спроведуваме тренинзи што ги користат и големите европски екипи, се разбира, прилагодено според нашите услови и стандарди“ – вели тренерот на Работнички, Жикица Тасевски.

trening2
По тренингот на помошното игралиште, „романтичарите“ се преселија во салата на воениот комплекс и таму одработија уште еден дополнителен тренинг, според фитнес – програмата „Инсенити“.

trening3

ЕКИПА секогаш ги следи новините во македонскиот спорт, и тоа одблиску, па се потруди и од овој тренинг на Работнички да направи фоторепортажа и видеосторија.

trening5

Фитнес – програмата „Инсенити“ е составена од најразлични вежби за подобрување на физичките карактеристики на спортистот, од степување, вежби за сила, за подобрување на моторичките способности. Сето тоа, претставено на видеобим, а потоа треба да се одработи зададената вежба. На тренинзите на Работнички се и новите засилувања, Златко Бошковски, Златко Зечевиќ и Славиша Јеремиќ.

trening6

[youtube]http://youtu.be/pzQ41773YYw[/youtube]

- Реклама -