Неколку совети за незаборавно сексуално искуство

Изненадете го партнерот со „зачинување“ на вашиот сексуален живот кое ќе го направи многу повозбудлив. Еве ви неколку упатства кои ќе ви покажат како тоа да го направите.

Допирајте го партнерот што повеќе

Во добрата сексуална врска, важно е да разменувате нежности насекаде, а не само во креветот. Кога разговарате ставете ја вашата рака врз неговата, или понекогаш измасирајте му го вратот. Кога парот се допира, тоа е начин на изразување топлина и одржување чувство на блискост. Иако не водат сите допири кон секс, сепак тие играат важна улога во физичката интимност.

Допирајте се себе си

Правило е дека на жените им е потребно повеќе време за да се возбудат сексуално, па затоа започнете сами да работите на тоа, пред одење во кревет. Поминете 30 минути во топла када, покрај пригушена светлина од свеќа, допирајќи се. Потоа раскажете му на вашиот партнер што сте направиле.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Испратете му еротски e-mail

На повеќето мажи им се допаѓа кога жените превземаат иницијатива. Па, зошто да не му испратите еротски e-mail? Во деталите наведете колку многу го посакувате и што планирате да му направите кога ќе си дојде дома. Дури и кратка порака на телефонот може да предизвика кај вашиот партнер да не може да дочека да ве види.

Дозволете му да ве набљудува

Мажите едноставно уживаат да гледаат. Размислете за тоа да го оставите уклучено светлото и кажете му да посматра како орално го задоволувате или како водите љубов, па дури и како се подготвувате за спиење. Облечете една од неговите кошули и не ја закопчувајте. Мажите обожаваат кога им ја позајмувате облеката.

Водете љубов насекаде

Водете љубов на масата, на подот или во кадата. Во текот на врската ќе создадете бројни сексуални сеќавања, што значи дека вашиот дом ќе стане многу поеротичен.

- Реклама -