Многу од познатите телевизиски серии, имаат искористено во својата сценографија светски познати уметнички дела од познати сликари. Погледнете како се тие избрани, и како се сместени во декорот на сетот, нормално соодветно на ликовите од сериите.
Gossip Girl
“Scout” 1999 дело на Филипс, во спалната на Чак, кое што за потребите на серијата е цензурирано.
Ричард Филипс, роден е во 1966 година, Масачусетс. Моментално живее и работи во Њујорк. Филипс е познат по неговите големоформатни хипер-реалистичен слики.
“Spectrum” 1998, делото на Филипс кое се наоѓа во главниот хол од апартманот на Вандервудсен.
“Без наслов 2008” од Џејмс Нарес во холот на зградата каде што живее Серена. Џејмс Нарес роден во Лондон 1953 година, е познат по својата безпредметна иметност која се стреми да го “зароби” моментот на создавање.
MadMan
Oп уметност во канцеларија на Роџер Стерлинг. Двете слики кој се во канцеларијата на Стерлинг, всушност не се оригинали, туку се принтови инспирирани од делата на Бриџит Луис Рајли. Бриџит Луис Рајли, англиски сликар и е една од најистакнатите поборници на Оп уметноста.
Mарк Ротко роден 1903 ,е светски познат уметник, дел од движењето на апстрактниот експресионизам. Неговата “Red and Orange” е сместена во канцеларијата на Купер.
Тwo and half man
Во дневната на Чарли Шин, се наоѓа винтиџ постер за најава на настапот на Чак Веб и Ела Фицџералд во Њујорк од 1935 година.
How I meet your mother
Во спалната соба на Тед, е закачен постер од култниот германски експресионистички филм “Metropolis”од 1927 година.
Modern Family
“Junk Food” во домот на Глорија и Џеј од Нејтан Рохландер, во чии дела тој се стреми да му придонесе современост на реализмот.