Ви ја претставуваме оваа неверојатна трансформација на еден стар училишен автобус претворен во топол и пријатен мобилен дом.
Прекрасниот дрвен ентериер допринесува чувство на удобност, а освен тоа, во автобусот има и целосно функционална кујна, камин, удобен кревет за седење и спиење и практични дрвени полици кои не дозволуваат да паднат предметите при нерамен пат.
Искуството да се патува заедно со сопственото живеалиште и можноста да се преспие на прекрасни локации, е вистински рај за авантуристите.