Facebook го претстави ‘Graph Search’

Facebook на денешната конференција соопшти дека го надоградува пребарувачкото искуство со ‘Graph Search’, нов начин на пребарување помеѓу огромната количина на фотографии, луѓе и конекции.

Новата алатка е дизајнирана да пронајде специфични и попрецизни резултати од пребарувањата, за разлика од обичните веб пребарувачи кои враќаат општи резултати. ‘Graph Search’ е многу поразлично од веб пребарувањето, првенствено бидејќи користи серии на филтри кои изгледаат како напреден систем за тагирање, овозможувајќи да се прикажуваат работи како врски, интереси и локации. Идеата е да корисниците добијат информации кои се најпопуларни а воедно најрелевентни за нив.

graph

Facebook ќе препорачува работи како ‘Пријатели кои сакаат Star Wars и Harry Potter’ ако планирате да гледате филм со друштво или да пронајдете некого кого сте го запознале на забава со прегледување на заедничките пријатели кои биле на истата забава.

31

Што се однесува до приватноста, од Facebook велат дека при пребарувањето ќе се прикажуваат само работите кои вие веќе сте ги направиле јавни и сте ги споделиле на мрежата.

41

‘Graph Search’ е во бета верзија и достапен на ограничен број на корисници. Може да се погледне подетално објаснувањето на следниов линк. За да се запишете на листата на чекање и да бидете помеѓу првите кои ќе го искусат новиот начин на пребарување на Facebook,  на крајот од страната со објаснувањето има копче на ‘Join waiting list’ .

21

- Реклама -