Дали сум доволно добар љубовник? Дали пенисот ми е доволно голем? Ова се само некои од прашањата кои си ги поставуваат мажите. Дури и оние со најмногу самодоверба имаат свои стравови кога сексот е во прашање. Но, што е тоа што најмногу ги плаши?
Големината на пенисот
Многу мажи се грижат за големината на својот пенис. Се плашат дека со својата големина нема да ја задоволат партнерката и дека ќе потфрлат како љубовник. Експертите велат дека е добро мажите од време на време да се потсетат дека големината всушност и не е толку важна. Партнерката ќе ужива многу повеќе ако мажот знае како да ја користи “опремата“ што ја има на најдобар можен начин.
Вештини на љубовник
Дури и оние кои пред другите се нарекуваат најдобри љубовници кога тогаш ќе се запрашаат дали навистина е така. Вештините на љубовник особено ги загрижува мажите кои влегуваат во нова врска и сакаат да и’ покажат на партнерката дека се прекрасни љубовници. Факт е дека мажот никогаш точно не може да знае каков љубовник е, освен кога партнерката директно и искрено ќе му го каже тоа. Сепак, нејзините воздишки во кревет може да му кажат многу за неговите вештини на љубовник.
Траење на сексот
Дали сексот ќе трае прекратко?Или можеби предолго? И ова прашање ги оптоварува мажите оти се плашат дека на крајот на настапот нема да добијат аплауз кој што многу го посакуваат. Живееме во време во кое за многу проблеми постојат решенија. Ако пребрзо ејакулирате, обратете се на доктор и видете што може да се направи. Ако, пак, тешко доаѓате до оргазам, размислете зошто е така. Најчесто причините се од психолошка природа, па не би било лошо да поразговарате со некој.
Бременост и сексуално преносливи болести
Ова е, исто така, чест страв кај мажите. За да се заштитите од несакана бременост и од сексуално преносливи болести, најдобро е да кориситите кондом. Всушност, ако не сте сигурни во својата партнерка, најдобро би било да се воздржувате од секс. Ако сте во стабилна врска, своите стравови поделете ги со партнерката и договорете заедничка стратегија.
Лош секс
Многу мажи се плашат дека и нивната партнерка нема да ги исполни нивните очекувања и дека ќе им се случи лош секс. Мажите особено стравуваат од ова пред првиот секс со нова партнерка. Експертите велат дека тоа е лош став и дека некои мажи имаат преголеми очекувања. Тоа што жената веднаш не се покажала добра во кревет како вистински експерт, не значи дека секогаш е така. Можеби и треба само малку повеќе време да се зближи.