Сега можете да му пратите порака во инбокс на Зукерберг за 100 долари

Ако имате нешто што чувствувате дека очајно треба да му кажете на Марк Зукерберг, веројатно сега е идеално време за тоа. За „симпатична“ сума од 100 долари, можете да му пратите порака во сандачето, без таа автоматски да биде префрлена во спам.

Фејсбук всушност испробува нова техника за спам филтер – исплаќање екстремни суми за да се праќаат пораки на луѓе кои не ви се пријатели. Корисниците кои не се пријатели со Zuckerberg, очигледно забележуваат текст на неговата страница кој вели „Пратете порака во инбокс за 100 долари“. Тој, очигледно, е тестот за оваа техника.

Дали ќе функционира? Речиси сигурно. Дали е добар начин да му се пријде на проблемот со спам-пораките? Тоа останува под знак прашање.

Zuck

- Реклама -