LG го претстави 100-инчниот ласерски проектор Гигантор – ќе ви требаат поголеми ѕидови!
Конвенционалните видео проектори во голема мера останаа фокус на пазарот за наменски домашни кино-ентузијасти и покрај нивната тешка инсталација. Но, изминативе неколку години се развија многу „домашни проектори“ кои функционираат како одлична алтернатива за класичните рамни телевизори.
ХЕКТО системот користи специјално дизајниран екран и ултра краток „фрлач“ (UST) кој е сместен во самиот проектор.
Очигледната предност е тоа што можете да го наместите системот и како нормален рамен дисплеј наместо да морате да го сместувате проекторот на ѕид или да одржувате чист видик од крајот на собата.
На проекторот му требаат помалку од два метри простор за да функционира, и е доволно светол за да може да работи во нормално осветлена соба.
Проекторот е опремен со два 10-волтни звучници, три HDMI портови, надворешно аудио и RS-232 интерфејс. И, како и останатите премиум-понуди на LG годинава, ХЕКТО нуди функционалност на SMART TV – вклучувајќи и веб-прелистувач и Wi-Di компатибилност.
Веројатно најимпресивно од се е сијалчката на ХЕКТО системот. Таа, како што објавија од LG, трае пет пати подолго од класичнните светилки – неверојатни 25.000 часа.