Иако генерално мислење е дека верниците знаат се за нивната вероисповед, едно најново испитување покажа дека тоа не е така. Впрочем, сосема спротивното се докажало: дека атеистите се всушност тие кои се подобро запознаени со религијата.

На едно испитување за религија во САД, атеистите имале подобри резултати од протестантите, католиците и христијаните на прашањата околу потеклото, историјата и водечките личности во религијата. Со други зборови, верниците имале слаби резултати, односно просечниот верник одговорил точно на 16 од вкупно 32 прашања.
– Атеистите имале просек на точни одговори 20.9
– Евреите и Мормоните имале од 20.5 до 20.3
– Протестантите 16
– Католиците лоши 14.7
Испитувањето беше извршено од Pew истражувачкиот центар за религија и јавен живот. Зашто атеистите имаат подобри резултати од верниците? Според Алан Коперман, заменик директор на истражувачкиот центар, теоријата е ваква: атеистите најчесто растат во семејства со религиозни традиции, кои ги негуваат и учат истите. Затоа тоа се луѓе кои размислувале многу за религијата. Алан вели: „Тие не се незаинтересирани. Тие се грижат околу тоа.“
Многу популарни и влијателни личности биле и се атеисти, а нивните паметни и интересни цитати околу атеизмот можете да ги прочитате овде.