Често се случува сериозни работи да започнат како шега, па така и рентгенските фотографии кои го направија Ник Веси славен, на почетокот биле само шега. Веси изнајмил рентгенска машина од болница за да најде лименка Пепси со 400000 фунти награда во камион од Пепси. За жал, не успеал да ја најде, но затоа дошол до идеја која го направи славен во целиот свет.

Радијацијата е опасна, постојат многу технички потешкотии, но експериментите продолжуваат понатаму. Правењето на овие фотографии е предизвик за фотографот кој, облечен во заштитна облека направена од олово, и скриен зад дебели бетонски ѕидови, прави повеќе слики на секојдневни предмети. Само за фотографијата на Боинг 747 во хангар, на Веси му биле потребни стотици слики на посебни детали од авионот. Конечниот резултат бил постигнат после неколку часови работа и многу Фотошоп. Скелетите во оваа фотографија не се вистински личности, туку дигитални слики кои се внимателно вметнати во фотографијата.
Друга чудна карактеристика на процесот на добивање слики е балансот помѓу интензитетот на радијацијата и времето на изложување на филмот. Бојата се добива по дигиталната обработка на сликите. Сево ова значи дека Ник Веси е уникатен уметник. Тој знае што сака да види, а тоа е внатрешноста на предметите. Во свет кој е навикнат да ги цени работите само според она што е на површната, Веси има намера да оди подлабоко и да ја најде суштината на предметите.