Кој го уби Дедо Мраз?

Оваа галерија содржи надреални и делумно вознемирувачки фотографии снимени во картонски кутии. На дел од нив се забележуваат сцени во кои Дедо Мраз е мртов.

Бизарните фотографии кои се во стилот на францускиот филм-ноар, ги снимија белгиските фотографи Максим Делво и Кевин Лало, кои велат дека за нив, ова е обид да се пробијат во маркетинг-индустријата.

– Сакаме да ги покажеме вештините што се потребни за да се сними добра маркетинг-фотографија. Најважно е да се создаде сценарио со комплексно осветлување, како и да се изведе реалистична фотомонтажа – вели Делво.

За да се состават овие минијатурни сетови од картонски кутии биле потребни околу три дена, затоа што биле градени од перспективата на камерата. На тој начин фотографите биле сигурни дека ќе бидат обезбедени вистинските агли и длабочина. Позирале вистински човечки модели, кои потоа биле вметнати во фотографиите со помош на Фотошоп.

– Нема никаква скриена порака во овие фотографии, ние само раскажуваме приказни. Можеби делува малку депресивно, но се надевам дека, сепак, се наоѓаме на границата меѓу трагедијата и хуморот – додал Делво.

 [Who shot Santa? Surreal scenes photographed in sets made of cardboard boxes]

- Реклама -