Ако традиционалното китење на новогодишната елка со лампиони веќе ви здосади, годинава обидете се да направите новогодишно дрво од книги, со кои ќе внесете романтична атмосфера во домот во празничниот период.
Оваа новогодишна елка е дело на авторите на сајтот Familysponge. Тие велат дека имаат мала опсесија со книги и со аутлет-книжарници и затоа одлучиле својата љубов за пишаниот збор да ја однесат на едно повисоко ниво, со создавање на „книжевна новогодишна елка“.
Идејата ја добиле на Фејсбук, а употребиле повеќе од 80 книги за да ја состават. По неколку часа во домот добиле уникатно новогодишно дрво, за коа не потрошиле ниту еден долар.
За китење на книжевната новогодишна елка употребиле LED сијалички што воопшто не се загреваат и затоа се идеални да светат во близина на хартијата. Меѓутоа, препорачуваат да се гасат доколку нема никој дома, зашто никогаш не може да се биде доволно претпазлив. [Christmas Tree Made From Books]
Дали би кителе новогодишна елка од книги или, сепак, повеќе го сакате традиционалното зелено дрво накитено со лампиони? 🙂