Луѓето кои навистина зјапале во кози

man_who_stareТешко е да се поверува дека некоја сериозна организација би се занимавала со проучување на влијанието на музиката од детска серија на воените заробеници или пак со убивање кози со поглед,  односно со создавање специјални воени единици со супермоќи како невидливост, поминување низ ѕидови и слично. Сепак, Џон Ронсон тврди дека американската војска навистина се подготвувала да користи парапсихолошки методи на војување во Ирак, што е и опишано во книгата The Men Who Stare At Goats, а според која и настана истоимениот филм со одлична актерска екипа – Кевин Спејси, Џорџ Клуни, Џеф Бриџис и Јуан Мекгрегор.


Тешко е да се поверува дека некоја сериозна организација би се занимавала со проучување на влијанието на музиката од детска серија на воените заробеници или пак со убивање кози со поглед,  односно со создавање специјални воени единици со супермоќи како невидливост, поминување низ ѕидови и слично. Сепак, Џон Ронсон тврди дека американската војска навистина се подготвувала да користи парапсихолошки методи на војување во Ирак, што е и опишано во книгата The Men Who Stare At Goats, а според која и настана истоимениот филм со одлична актерска екипа – Кевин Спејси, Џорџ Клуни, Џеф Бриџис и Јуан Мекгрегор.

{youtube}vhNMyXgniZY{/youtube}

Книгата „Луѓето кои зјапаат во кози“ е вистинска приказна за она што се случувало кога некои луѓе на високи позиции во американската војска, владата и тајните служби поверувале во некои чудни нешта. Зошто ирачките затвореници се присилени непрестајно да ја слушаат песната од детската емисија Диносаурусот Барни? Зошто стотици кози со пресечени гласни жици тајно се сместени во главниот стожер на американските специјалци во базата Fort Bragg во Северна Каролина? Во својата книга Џон Ронсон ги бара одговорите на овие и многу други прашања, разоткривајќи ги крајно необичните уверувања кои лежат во срцевината на Војната против тероризмот.

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

Проектот Џедај бил таен воен проект со цел да се создаде раса на „супервојници“ кои ќе бидат фантастично силни и ќе поседуваат супер интелигенција, вештини и интуиција. Тие ќе ги користат своите психички моќи за да го шпиунираат непријателот, ќе деактивираат нуклеарни бомби со помош на телекинеза, ќе бидат невидливи по своја волја, ќе поминуваат низ ѕидови и ефективно ќе убиваат само со моќта на мислата.

Додека Проектот Џедај е темата на холивудскиот блокбастер чија премиера ќе се случи на 6 ноември – „Луѓето кои зјапаат во кози“ не е само фикција. Американската војска навистина пробала да создаде таква раса на супервојници, а убивањето кози со поглед е само еден дел од тренингот на супервојникот. Всушност, плодовите на Проектот Џедај, и неколкуте други тајни паранормални проекти, биле активно користени во битки.

„Мора да разберете дека овие идеи не беа чудни.“ изјави за медиумите наредникот Glenn Wheaton, војник од Специјалните сили кој бил дел од Проектот Џедај. „Тие се сметаа како следната воена граница. Сакавме да знаеме дали е возможно да се користат паранормалните моќи за воени цели. Исто така, потребно ни беше да знаеме како да се заштитиме себеси доколку тие беа искористени против нас.“

Книгата на Ронсон произлезе од тригодишното снимање на документарецот Crazy Rulers of the World каде од прва рака може да се слушне вистинската приказна. Погледнете го првиот дел.

{youtube}-RraLw0MIeY{/youtube}
Другите делови тука, тука, тука и тука.
- Реклама -