Food Fight Club e новото телевизиско шоу на Џејми Оливер, во кое заедно со еден свој пријател ќе патува низ Европа и ќе ја промовира традиционалната британска кујна.
Џејми ги здружува своите сили со својот стар пријател Џими Доерти, кој е, исто така, позната телевизиска личност и заедно влетуваат во масивна авантура во освојување на европејците со нивната љубов кон британската храна.
– Зошто? Бидеќи добрата храна заслужува да се бориш за неа – вели Џејми.
Нивното ново телевизиско шоу Food Fight Club ќе се емитува премиерно на 6 декемви на Channel 4. Основниот концепт на шоуто е секоја недела да промовира по еден прехрамбен продукт (колбаси, десерти, сирење и друго), а двајцата водителите ќе одат во потрага по најдобрите примери во Велика Британија.
Потоа со избраниот најдобар претставник ќе патуваат низ Европа во „борба“ со Французите, Германците или Италијанците, за да откријат чии производи се најдобри.
[via www.jamieoliver.com]