Ангус Џоунс (Џејк) најверојатно ќе ја напушти серијата „Два и пол мажи“ (Two and a Half Men) по завршувањето на сезоната.Дали серијата ќе остане без „половина“ од насловот до крајот на сезоната? Ова прашање се провлекува по интервјуто на Ангус, во кое открива дека повеќе не сака да биде во комедијата која се прикажува на CBS телевизија. Најверојатно Џоунс ќе го напушти шоуто по завршувањето на 10-тата сезона, која ќе ја заврши како што е и планирано.
Ликот на Џоунс, Џејк, по заминувањето во војска на крајот на 9-та сезона се појавува само во неколку епизоди од тековната сезона. Веројатно и до крајот на сезоната многу малку ќе го гледаме, а неговото појавување зависи од креаторот на шоуто, Chuck Lorre.
Џоунс, како и останатите ѕвезди во шоуто, Џон Крејер и Аштон Качер имаат договори до крајот на оваа сезона, а сѐ уште не е сигурно дали ќе има 11-та сезона. Ако шоуто, сепак, добие и нови епизоди, Џејк нема да биде редовен лик, туку ќе се појавува како гостин, најверојатно поради фактот што како 19-годишен ќе замине на колеџ.
Во меѓувреме, Чарли Шин изјави дека неговиот поранешен внук од серијата „Два и пол мажи“ е добредојден во неговиот дом во новото шоу „Справување со бесот“ (Anger Management).