Уметници ја хакираат временската прогноза

media_realityМожете да замислите колкаво би било изненадувањето кога насреде временската прогноза која се емитува на телевизија, прикажувајќи некој смирувачки пејзаж што се наоѓа во ваша близина, одеднаш би виделе како експлодира атомска бомба.Тоа им се случило едно утро на жителите на Чешка.

zthovenМожете да замислите колкаво би било изненадувањето кога насреде временската прогноза која се емитува на телевизија, прикажувајќи некој смирувачки пејзаж што се наоѓа во ваша близина, одеднаш би виделе како експлодира атомска бомба. Тоа им се случило едно утро на жителите на Чешка.

„Виновниците“ за ова се група на млади уметници кои себеси се нарекуваат Ztohoven, на кои не им е првпат да шокираат со вакви радикални уметнички јавни перформанси. За да ја исхакираат националната телевизија им било потребно само да ги заменат каблите на напуштената камера, поставена во планината, која ја забележале три години претходно. Целта на уметничкиот проект кој го нарекле Media reality не била некој да се почувствува загрозен, туку да се разбудат луѓето од летаргијата за да станат свесни за моќта на телевизијата која им го пере мозокот.

Иако никој од гледачите не поверува во монтираната нуклеарна печурка, групата Ztohoven беше обвинета и испратена на судење заради заплашување и ширење дезинформации. Да биде иронијата поголема, само еден месец пред тоа тие беа наградени со престижна награда која ја додели Чешката галерија за истиот проект со 18.000 долари кои веројатно сега ќе им бидат потребни за адвокати за да го избегнат тригодишниот затвор на кој беа осудени. линк

{youtube}gjsZCyNb7o0{/youtube}

- Реклама -