Како Facebook ќе го експлоатира вашиот роденден

Facebook веќе има пристап до e-mail адрсите, фотографиите и политичките ставови на своите корисници. Сега компанијата ги поттикнува корисниците да споделат и други информации – броеви на кредитни картички и адреси на живеење.

Оваа иницијатива е поттикната од новиот сервис на Facebook наречен Gifts. Сервисот им овозможува на корисниците – засега само во САД – да купуваат подароци за своите пријатели преку социјалната мрежа. Меѓу понудените подароци има различни работи, од зачини на Dean & DeLuca, пижами од BabyGap и претплати за видео сервисот Hulu Plus.

Сервисот за подароци е дел од агресивен обид за заработување пари наменет за задоволување на инвесторите на Facebook по слабиот старт на пазарот на обврзници. Facebook го засили мобилното рекламирање и започна да ги приспособува рекламите според вашите пребарувања надвор од Facebook.

Промените очигледно работат. Аналитичарите во последните неколку дена имаат попозитивни проекции за компанијата, а обврзницата покажа пораст од 49 проценти од најслабата точка и во вторникот изнесуваше 26,15 долари што сепак е пониско од оригиналната вредност од 38 долари.

За создавање на Gifts сервисот, Facebook изнајмила склад во Јужна Дакота и создала сопствен софтвер за следење на инвентар и транспорт. Од компанијата не кажуваат колку ќе заработуваат од подароците, но слични сервиси на Amazon.com имаат околу 15 процентен дел од продажбите.

Ако сервисот е успешен Facebook ќе добие влез во пазарот на електронска трговија од над 200 милијарди долари. Уште поважно е дека компанијата ќе насобере вредни лични податоци кои ќе ги рафинира за персонализација на реклами. Компанијата вели дека засега нема да ги користи податоците собрани преку Gifts за рекламни потреби, но не гарантира дека тоа нема да се промени во иднина.

- Реклама -