Нов школски предмет:Среќа

happy_students_pГимназијата во германскиот град Хајделберг е прво училиште што го воведе предметот „среќа“, јавуваат германските медиуми.


happy_studentsГимназијата во германскиот град Хајделберг е прво училиште што го воведе предметот „среќа“, јавуваат германските медиуми.

Директорот на економската гимназија во Хајделберг, Ернст Фриц Шуберт, ја потврдил веста дека предметот „среќа“ е дел од редовната наставна програма.

– Сакаме да ги подучуваме учениците на задоволство, самодоверба и на одговорност – изјавил Шуберт, објаснувајќи ги мотивите поради кои решиле да го воведат овој предмет.

Околу 60 ученици ја следат наставата по тој предмет што, меѓу другото, ги опфаќа темите како „сопствена слика и идеал“, „духовно задоволство“ и други.

Наставата ја водат педагог, актер и терапевт. виа.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
- Реклама -