Мурињо тврди: Нема нарушување во односите со клубот

Реал Мадрид има два разочарувачки резултати во серија, реми со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а потоа и пораз од Бетис во Примера, но тоа не го „притиска“ Жозе Мурињо.

Иако е свесен дека неговиот тим не игра како минатата сезона, тој сепак вели дека не чувствува притисок од раководството и дека засега е сигурен на клупата на „Кралскиот клуб“.

„Овде сум и го работам она што го знам, како и во последните десетина години. Немам никакви проблеми со управата на клубот, сѐ е во најдобар ред. Всушност, мислам дека имам многу, многу, многу добар, апсолутно одличен однос со раководството со претседателот на клубот и со извршниот директор. Можеби клубот не е најзадоволен со резултатите на тимот што го предводам, но има уште многу време до крајот на сезоната“, изјави Жозе Мурињо.

Прочитајте и:  Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал

Португалецот најави дека на вечерашниот натпревар од Кралскиот куп против Алкојано ќе им даде можност за настап на тројца млади фудбалери.

- Реклама -