Како
Леонардо да Винчи ја насликал Џоконда, односно Мона Лиза, и како успеал
да го постигне тоа сфумато што ја обвива најславната насмевка на
светов? Сликарот и историчар Жак Франк, кој со години го истражувал ова
вели дека ја открил тајната.
Како
Леонардо да Винчи ја насликал Џоконда, односно Мона Лиза, и како успеал
да го постигне тоа сфумато што ја обвива најславната насмевка на
светов? Сликарот и историчар Жак Франк, кој со години го истражувал ова
вели дека ја открил тајната.
Тој
е независен стручњак за техниката на фирентинскиот мајстор и отсекогаш
бил одушевен од сликарската вештина на Леонардо да Винчи. Нему му ја
посветил и својата докторска дисертација на Парискиот универзитет. За
да го реконструира начинот на работа на уметникот, Франк истражувал
стари списи, вклучувајќи ги и оние на Да Винчи, ги проучувал неговите
дела и копирал некои од нив. Овие копии Франк ги претставил на
изложбата "Духот на Леонардо, сеопшт гениј во работата", која неделава
беше отворена на галеријата Уфици во Фиренца. Жак Франк изработил шест
платна на кои ги реконструирал етапите во сликањето на окото на Мона
Лиза.
"Главниот проблем на сфуматото е да се открие како светлината и
сенката незабележително се спојуваат", толкува Франк. За да ја постигне
ваквата префинетост, Леонардо применил постапка која Франк ја нарекува
"микроподелба", а се состои од сенчење во црти, т.е. сложување на фини
и многу разредени слоеви боја.
"Да Винчи на лицето на Џоконда морал да
работи со лупа за да ја нанесе бојата во многу тенки слоеви. Ја правел
со години", додава Франк.