Луѓето, особено постарите, имаат 14 проценти поголеми шанси да умрат на нивниот роденден отколку на било кој друг ден од годината.
Местото на живеење исто така влијае врз смртта – во одредени географски области луѓето имаат 13 проценти поголеми шанси за смрт по добивање на плата. Исто така луѓето имаат поголеми шанси да умрат претпладне – специфично околу 11 часот – отколку во било кој друг дел од денот.
Да. Тоа е заклучок на студија објавена во Annals of Neurology, која ја идентификува честата варијанта на ген кој влијае врз циркадианскиот ритам. Според авторите на студијата, Ендру Лим и Клифорд Сапер таа варијанта може да предвиди и во кој дел од денот ќе дојде до смрт.
Она што е фасцинантно кај оваа студија е улогата која технологијата – или поспецифично нејзиното отсуство – ја има во одредувањето на најголемата биолошка одредница: време на смрт. Циркадианскиот ритам има психолошко потекло но има и структурален аналог – аналог кој одредува како ние луѓето живееме.
Кога сме помлади ние си одредуваме распореди, користиме апарати кои не будат од спиење и вештачко осветлување за избегнување на мракот. Но површинската реалност во подоцна возраст го менува тоа. „Социјалниот замор“ – феноменот низ кој нашиот ритам се уништува со ригидни колективни социјални распореди – е помал фактор за луѓето кои не работат и чиј живот не е одреден од строг распоред.
Со други зборови, ова е многу помал фактор кај луѓето кои не зависат од технологија. Пензионерите можат да спијат кога сакаат, се будат кога сакаат и генерално живеат по секоја желба на нивните тела, нешто што помладите луѓе не го можат.