Марота: Дрогба во Јувентус? Зошто да не?

Раководството на Јувентус, во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го ангажира Дидие Дрогба, потврди првиот човек на клубот, Џузепе Марота за „Скај Италија“.

Италијанскиот шампион не успеа да го разбие бункерот на Лацио на вчерашниот меч (0-0), а новинарите веднаш поставија прашања за нов напаѓач. Поточно, за Дидие Дрогба. „Зошто да не, не ја отфрламе таа можност. Ќе сториме се што можеме, но сигурно нема да правиме ’револуција’ со нови играчи.“

„Имаме тим кој направи одлични резултати и сигурни сме дека може да се развива во добра насока“, изјави Марота. Јувентус се подготвува за дуелот со Челзи во Лигата на Шампионите, кој треба да разреши многу дилеми околу можноста „Старата Дама“ да стори нешто повеќе и во елитното клупско натпреварување. Во оваа група се уште и Шахтјор Доњецк и Нордсјиланд.

- Реклама -