Тренчевска: Да го оставиме Уставен да си ја заврши работата, остро ја осудуваме политизацијата на едно вакво прашање

Треба да го оставиме Уставниот суд да си ја заврши својата работа согласно неговите надлежности, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со последните случувања околу Законот за употреба на јазиците, кој утре е една од точките на дневниот ред на седницата на Уставениот суд, што пак предизвика реакции од ДУИ.

-СДСМ внимателно ја следи состојбата со Законот за употребата на јазиците и закажаната седница на 11 декември на Уставниот суд. Уставниот суд како орган треба да ја штити уставноста на законите, на сите пропис и од тој аспект остро ја осудуваме политизацијата на едно вакво прашање и сметаме дека треба Уставниот суд да си ја заврши работата согласно нивните надлежности, истакна Тренчевска.

Прочитајте и:  Шаќири од „ВЛЕН“: Албанскиот јазик ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава и уште повеќе ќе се унапреди

Таа нагласи дека праксата на поттикнување тензии од одредени политички актери само ги продлабочува проблемите.

-Праксата за поттикнување тензии од одредени политички актери не придонесува за решавање на проблемите, напротив ги продлабочуваат. Одговорноста за иднината на нашата држава е на сите нас, на сите политички партии, на сите актери и затоа сметаме дека треба да оставиме Судот да си ја заврши работата согласно нивните надлежности. Како СДСМ ќе ја следиме целата ситуација и соодветно на случувањата ќе реагираме, рече таа.

- Реклама -