Скандал: Културниот сектор на маргините – „Јадро“ со жестока критика до Министерството за култура

Културната асоцијација „Јадро“ остро реагира на резултатите од конкурсот на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година. Според асоцијацијата, распределбата на средства повторно го покажува клиентелистичкиот пристап на културните политики и фаворизирање на партиски блиски организации на сметка на независниот културен сектор.

Од „Јадро“ истакнуваат дека резултатите се доказ за нерелевантно одлучување, централизирано политичко влијание и дискреционо право на министерот за носење конечни одлуки, кое, според нив, мора да се укине. „Културата се наоѓа на дното на општествените приоритети, а со оваа програма и она малку останат културен капитал се уништува,“ се наведува во реакцијата.

Асоцијацијата бара ревизија на доделените средства и транспарентност во работата на комисиите.

Прочитајте и:  По реакција на „Јадро“ целосно го пренесуваме нивниот став
- Реклама -