Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово

Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на територија на општина Маврово – Ростуше.

Патните правци на Мавровското Езеро, како што појаснија од ЦУК, биле под ингеренции, дел на Јавното претпријатие за државни патишта и дел на Општината.

Од ЦУК подвлекоа дека сите кои бараат помош на бројот 112, нивните пријави заедно со локација, веднаш преку секторот за операции и координација, се пренесуваат и до надлежните државни или општински служби, за да дејствуваат по повиците.

Прочитајте и:  Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
- Реклама -