На Светското првенство што се одржа во Киелце, Полска, младиот танчер од Гостивар, Анди Исмаили, постигна историски успех. Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата Performing Arts Improvisation, освојувајќи ја титулата Светски шампион!
Анди вчера освои и сребрен медал во категоријата Модерен Балет соло момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана Светски вицешампион.
Анди е член на танцовото студио “Break a Leg” од Скопје, а позади неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска.
Ова е веќе петти пат Анди Исмаили да ја носи титулата светски шампион, покажувајќи неверојатен талент и упорност. Неговиот успех е гордост за Гостивар, Македонија, и пример за младите кои ја следат својата страст.