На 7 декември се отвора обновената катедрала „Нотр Дам“

Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата вредна 700-тини милиони евра, Богородичната црква Нотр Дам е подготвена повторно да блесне во целиот свој сјај.

Официјалното отворање е закажано за следниот викенд, 7 и 8 декември. Но претходно катедралата ќе ја посети францускиот претседател Емануел Макрон. Тоа ќе биде првиот поглед во нејзината внатрешност по 5 години, но и ново поглавје во 860-годишната приказна на Нотр Дам.

Инаку, низ историјата Нотр Дам била сведок на крунисувања, протести, перформанси како што се бракот на Џејмс V и крунисувањето на Наполеон. За овие, но и за други настани сведочат бројни слики и фотографии.

Една од најпознатите е сликата на Жак-Луј Давид на крунисувањето на Наполеон Бонапарта како император, настан на кој уметникот лично присуствувал во 1804 година. Освен што прикажува важни ликови, вклучително и членови на семејството Бонапарта, уметничкото дело ја открива внатрешноста на катедралата во тоа време.

Но и во ерата на дигиталната фотографија, може да се најдат безброј фотографии од преубавата катедрала, стара повеќе од 860 години. На Инстаграм, на пример, се објавени повеќе од 3,2 милиони слики на со хаштагот #notredame.

Во нашата меморија, за жал, ќе остане и фотографијата на која во пламен се дрвениот покрив и врвот на катедралата.

- Реклама -