Денес (28 ноември) од 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевното читање #4 Диптих за Скопје.
Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.
„’Диптих за Скопје’ е настан што се состои од книжевно читање, споредбена анализа и разговор со и авторите Ивана Јовановска и Иван Шопов. Овој настан ќе ви го доближи творештвото на Ивана Јовановска и Иван Шопов, и тоа имајќи го токму градот како тема во фокусот, тема што и онака им е својствена и блиска на овие современи македонски автори, едниот поет, а другиот прозаист. За сличностите и за разликите во пристапот ќе говори Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на ПНВ Публикации“, се вели во најавата за настанот.