Агенцијата за вработување денеска објави јавен повик за невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за возачи за “Ц” ”ЦЕ” и “Д” категорија. Обуките, како и првото полагање на возачкот испит се бесплатни, а невработените може да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани.
Како што стои во огласот невработените треба да исполнуваат одредени критериуми и тоа:
За “Ц” категорија:
-Да има минимум 21 година возраст
-Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило*
-Да има завршено најмалку основно образование
-Да положило возачки испит за управување со моторно возило од категорија “Б“
-Да поседува важечка возачка дозвола од категоријата “Б” најмалку една година
-Со одлука на надлежен државен орган да не му е забрането управување со моторно возило*
За “ЦЕ” категорија:
-Да има минимум 21 година возраст
-Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило*
-Да има завршено најмалку основно образование
-Да поседува важечка возачка дозвола од категоријата “Ц” најмалку една година
-Со одлука на надлежен државен орган да не му е забрането управување со моторно возило*
За “Д” категорија:
-Да има минимум 24 година возраст
-Да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило*
-Да има завршено најмалку основно образование
-Да положило возачки испит за управување со моторно возило од категорија “Ц“
-Да поседува важечка возачка дозвола од категоријата “Ц“ најмалку две години
-Со одлука на надлежен државен орган да не му е забрането управување со моторно возило*
Предвидено е обуките да се реализираат во Скопскиот и во другите плански региони во зависност од пројавениот интерес на евидентирани невработени лица, од страна на лиценцирани автошколи кои реализираат обука за категорија “Ц” или “Д“. По завршување на обуките успешните кандидати ќе полагаат возачки испит за категорија “Ц” ”ЦЕ” и „Д“. Во случај да не ги положат испитите во редовниот термин, кандидатите имаат право да полагаат повторно, но на сопствен трошок.
Заинтересираните можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.