Промоција на „Крстена вода“ на Крсте Роџевски во Аудиокултура

Слушачка промоција на седмата албумска објава на Крсте Роџевски на албумот „Крстена вода“ ќе се одржи во среда во 20 часот во Аудиокултураж

Дванаесет нови песни, во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.

„Крстена вода“ е издание на чикашката етикета Port Of Entry 3901, објавено како винил и во дигитален формат:

https://kristorodzevski.bandcamp.com/album/krstena-voda

Сите текстови и композиции се дело на Крсте Роџевски, како и сите вокали и инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…

Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio.

Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff.

Продуцент на албумот е самиот Роџевски. Само во оваа прилика, винилното издание на албумот „Крстена вода“, ќе биде достапно по промотивна цена.

- Реклама -