Министерството за здравство бара решение за старата и дотраена зграда каде се сместени гостиварските епидемиолошки служби на Центарот за јавно здравје. Како што изјави денес министерот за здравство, Арбен Таравари можно е објектот целосно да се сруши и да се гради нов, но тоа за сега не е конечна одлука.
„Епидемилогија е стар објект за кој во Министерството веќе правиме одредени планови евентуално да се инвестира во нов. Ова не е дефинитивно, кога ќе биде ќе го најавиме. Во болницата одредени оддели имаат тесни простории и тие евентуално би се префрлиле во новиот објект, како централна биохемиска лабараторија за цела болница. Но, сето тоа не е дефинитивно.“, рече министерот.
Зградата на Центарот за јавно здравје, која се наоѓа спроти микробиологија и инфективното одделение долги години наназад е во многу лоша состојба со забележливи значителни оштетувања на ѕидовите, влага и слично.