Во интервјуто за ТВ Пинк спрскиот претседател уште еднаш им изрази сочувство на семејствата на 15-те жртви во несреќата во Нови Сад и оцени дека има луѓе кои се обидуваат да ја искористат трагедијата за свои цели
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека денешните настани во Собранието за време на седницата на која се расправаше за буџетот, кога дојде до физичка пресметка меѓу пратениците од опозицијата и власта, биле кулминација на сето она што се случувало на улиците претходните денови.
Инцидентот го оцени за политички автогол на опозицијата.
„Како некој искусен во оваа работа, можам да ви кажам – си нанесоа многу, многу, многу сериозен удар. Тоа е вистински политички автогол и нема голема филозофија“,
изјави Вучиќ.
Во интервјуто за ТВ Пинк тој уште еднаш им изрази сочувство на семејствата на 15-те жртви во несреќата во Нови Сад и оцени дека има луѓе кои се обидуваат да ја искористат трагедијата за свои цели.
„Од трагедијата во Нови Сад од 1 ноември, постојат луѓе кои се обидуваат да ја искористат секоја трагедија за себе. За жал, не беа тажни како 99 отсто од граѓаните. Не знаеја ни кога се погребите, ниту какви ни се обичаите. Мислеа дека ќе направат нешто за себе и за своите места. Се додворувате на екстремните луѓе на социјалните мрежи, не разбирајќи дека се ограничувате на мал број луѓе“,
изјави српскиот претседател.
Смета дека има многу причини за нервоза кај опозицијата, но оти ниедна од нив не смее да доведе до насилство.