Началникот на литванската полиција денеска изјави на прес конференција дека не може да се исклучи терористички напад како причина поради која товарен авион се урна рано утрото во близина на аеродромот во Вилнус.
„Тоа е една од верзиите што треба да се истражи и да се потврди. Има уште многу работа пред нас“, рече Арунас Паулаускас на прес-конференција.
Шефот на литванската спасувачка служба Ренатас Пожела на прес-конференција изјави дека авионот се урнал на неколку километри од аеродромот, се лизгал неколку стотини метри, а неговите остатоци погодиле двоспратна куќа. Авионот бил товарен авион кој летал за DHL кој полетал во Лајпциг во источна Германија.
„Куќата има два ката, четири стана, а таму живееле три семејства. Сите 12 жители се безбедни“, рече Пожела.
Портпаролката на литванската спасувачка служба рече дека авионот бил целосно уништен од пожар предизвикан по уривањето.