Наташа Малинкова – Ранета (видео)

ranjena.jpg Наташа Малинкова, поранешниот вокалист на групата Багаж ја започна
бомбастично својата соло кариера излегувајќи пред јавноста во тотално
поинакво светло, со поинаков музички стил и изглед.


Наташа Малинкова, поранешниот вокалист на групата Багаж ја започна бомбастично својата соло кариера излегувајќи пред јавноста во тотално поинакво светло, со поинаков музички стил и изглед.

„Ранета“ е песната со која Наташа оптимистички го одбележува својот старт на домашната и пошироката музичка сцена.
Песната е производ на Весна Малинова (музика и текст) и Марга Сотировска (снимање, продукција и аранжман).
Видео спотот за песната го изработија Tip-top продукција, а сниман е во просториите на Томато продукција.

{youtube}X-LCXM_te9o{/youtube}

Се работи за нешто навистина поинакво кога станува збор за sound, но и за визуелизација. „Ранета“ е композиција со европско-американски призвук, многу емоции и специфична вокална изведба карактеристична за Наташа. Наменета е за нашиот но и светскиот пазар. Спотот е работен 3 месеци затоа што се базира на одлично изведена анимација.

Песната и спотот беа промовирани минатиот понеделник на 09.02.09 во „Intermezo“ каде беа присутни многу гости, артисти и новинари, многу пријатно изненадени од тоа што го видоа и слушнаа. Наташа ја отвори промоцијата „Нема поголема гордост од тоа да направите нешто убаво и да го претставите пред волку многу луѓе…..“, а новинарите ја затворија опсипувајќи ја со интервјуа и прашања….
Наташа за прв пат како солист се појави оваа година на Макфест настапувајќи со песната „Ни ти ни тој“ – музика и аранжман на Марга Сотировска, текст на Весна Малинова…која песна иако поинаква од досега слушнатото на нашите радио станици успешно си го наоѓа своето место по топ листите. За истата песна се подготвува и видео запис…

Двата сингла се дел од албумот кој Наташа го најавува, се подготвува и се снима. Веќе се работи и третата песна….Но за тоа, следниот пат.

- Реклама -