Смета дека израелските војници постигнале одлични резултати кон крајната цел, а тоа е Хамас да не владее во Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека државата нуди награда од пет милиони долари на секој што ќе помогне во ослободувањето заложник на палестинската организација Хамас во Газа.
„Ќе обезбедиме награда од пет милиони долари за секој ослободен заложник. Изборот е во ваши раце. Сакаме сите да ги вратиме дома“,
рече тој.
При посета на коридорот Нецарим во централниот дел на Појасот Газа, Нетанјаху рече дека Хамас нема да владее со таа територија.
Смета дека израелските војници постигнале одлични резултати кон крајната цел, а тоа е Хамас да не владее во Газа.
„Ги уништивме неговите воени способности на многу импресивен начин. Хамас нема да владее со Газа“,
вели Нетанјаху.
Пред да биде разрешен, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант даде остри критики за присуството на израелските одбранбени сили во Појасот Газа.
Според него, идејата израелските сили да останат во Газа поради стабилност е несоодветна и претставува закана за животот на војниците.
Нетанјаху и Галант постојано имаа несогласувања околу справувањето со војната во Газа.