Ехо-апаратот бил во вредност од 2 134 482 денари
Кичевската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на болницата во Кичево поради сомнение дека украл ехо-апарат, кој бил донација од Министерство за труд и социјална политика.
Во периодот од 8 јули 2021 година до 7 август 2024 година, осомничениот С.Т. (49), како што наведуваат од МВР, во својство на директор на Општа болница Кичево со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо-апарат „M9 Mindray“, кој му бил доверен во службата.
Ехо-апаратот бил во вредност од 2 134 482 денари.