Ексклузивен хотел изграден од сол

Palacio de Sal во Боливија е интересна локација за секој посетител. Најкористен материјал во изградбата на овој хотел е сол – околу 10.000 тони биле употребени во градбата.

Хотелот има бар, билијард маса, џакузи и можеби изгледа како стандарден хотел, но еден милион блокови сол од по 35 сантиметри биле употребени во неговата изградба. Неговата локација на крајот на Salar de Uyuni – најголемата солена рамнина во светот – го прави овој луксузен хотел со голф терен одлично место за релаксација, комплетно со сауни, џакузи и нормално, бањи со солена вода.

Единствено правило е „Лижењето на ѕидовите е строго забрането“. За изградбата на хотелот биле потребни две години, користејќи сол изваден од рамнината. Креаторот, Дон Хуан Кесада, ја добил идејата откако му станало јасно дека солта е најпрактичен материјал за градење во регионот.

Има уште неколку слични градби во регионот, но Palacio de Sal, кој се наоѓа на 25 километри од градот Ујуни во југозападна Боливија останува најголемиот и најдобар хотел од сол. Дури и базенот, масите и столовите во ресторанот и теренот за голф со девет дупки се направени од натриум хлорид. Ексклузивниот хотел собира до 48 луѓе во 24 соби со почетна цена од 135 долари по ноќ.

- Реклама -