Почина една од тројцата повредени во падот на натстрешницата во Нови Сад

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски

Еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, почина денеска попладне. Информацијата ја потврди директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

Клинички центар Војводина

 „Станува збор за пациентка со најтешки повреди. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход“,

изјави Туркулов.

Продолжуваат напорите за спасување на животите на преостанатите двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар од 1 ноември, кога врз дваесетина луѓе се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад.

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Сè уште се утврдуваат причините за падот.

Денешните протести во Нови Сад

Во Србија денеска се одржаа нови протести на кои се бараше одговорност од надлежните. Досега оставка даде само министерот за градежништво Горан Весиќ.

- Реклама -