Јас сум за живата култура!

Живата култура, таа што се создава овде и сега и ги надминува границите на Македонија па камоли Скопје, таа култура која нема свој дом која се шутка на маргините која е плодна, толку плодна што одекнува како извор, создава, музика филм слика, што ЈА ЖИВЕЕМЕ СЕГА а не заглавени во минатото, во митови кои една генерација сама си ги создала за да има за што да се фати, давејќи се во својата небитност и неспособност, генерација што не погледнала а камоли да отиде подалеку од Табановце, не може да мудросери колку се “легенди”.

Легенди се децава, што со 300 евра вкупно во џеб, рентаат комбе и свират низ Европа по неверојатни места на мајчин јазик и се еднакви меѓу најголемите. Потег кој “легендите” освен ако КПЈ не им договорила свирка во Дом Омладине не можеле ни да сонуваат.

Тоа е мојата култура, засекогаш. Не таа измислената што чмае во носталгија.

Став на Маргарита Арсова

- Реклама -